Меѓународниот суд на правадата на ОН ја прифати тужбата на Украина против Русија

Украина забележа правна победа на Меѓународниот суд на правдата на ОН кој денес одлучи дека ќе ја прифати тужбата на Киев против Русија поради наводната поддршка на проруските сепаратисти, и покрај барањето на Москва случајот да се отфрли.

Претседавачкиот судија Абдулакави Јусуф кажа дека се задоволени условите за целосно сослушување на случајот. Руските приговори одборот на судии од 16 члена ги одби со големо мнозинство.

Судот одлучи дека има надлежност над тој случај врз основа на антитерористичките и антидискриминациски договори кои ги потпишале двете држави, поради наводната руска поддршка на сепаратистите на Крим и на истокот на Украина.

Москва на сослушувањето во јуни побара да се отфрли случајот, тврдејќи дека Киев го користи како изговор за оспорување на легалноста на руската анексија на Крим во 2014.

Заменичката на украинскиот министер за надворешни работи Олена Зеркал одлуката ја прогласи за победа на Украина, а надвор од судот порача дека таа значи дека „Русија ќе мора да одговара и да ги претстави своите ставови и погледи“.

Одлуката би можела да предизвика и преседан кој ќе влијае врз другите случаи со Русија, како нејзината наводна поврзаност со уривањето на авионот на Малезија ерлајнс во 2014 во источна Украина, при што загинаа сите 298 луѓе во авионот.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе