Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран почна да збогатува ураниум до 20 отсто

Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА потврди денес дека Иран почнал да произведува ураниум збогатен до 20 отсто во фабриката во Фордо, што е значително кршење на нуклеарниот договор потпишан во 2015 година.

EPA-EFE

„Генералниот директор Рафаел Маријано Гроси ги информираше земјите членки на ИАЕА дека Иран почна да внесува ураниум збогатен до 4,1 отсто во шест каскадни центрифуги за збогатување до 20 отсто“, наведе агенцијата на ОН во соопштение.

Иранската влада тоа го соопшти претходно денес, неколку дена откако ја информираше за својата намера ИАЕА, чии инспектори ја посетија фабриката во Фордо, 180 километри јужно од Техеран.

Иран со ова покажува спремност да се врати на нивото на збогатување пред договорот потпишан во 2015, што е секако далеку од 90-отстотното ниво потребно за воена намена, но значително повеќе од она на кое земјата се обврза (3,27 отсто).

Со другите кршења на договорот Техеран на почетокот на 2020 година објави дека ги укинува сите ограничувања на својата опрема за центрифугирање која се користи за производство на нуклеарно гориво.

По договорот од Виена бројот на центрифуги беше намален на 5.060, а пред тоа беше поголем од 19.000.

Исламска Република Иран отсекогаш ги негира обвинувањата на Соединетите Американски Држави и Израел, заколнатите непријатели, дека сака да произведе атомско оружје.

Иранското збогатување на ураниум до 20 отсто се случува околу две недели пред крајот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп кој заговараше политика на „максимален притисок“ врз Техеран, додека од новоизбраниот претседател Џо Бајден се очекува смирување на тензиите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе