Стокхолм

Шведска ќе одржи меѓународен состанок за формирање суд за џихадисти

Шведските власти соопштија дека во јуни ќе се одржи меѓународен состанок за формирање суд кој би им судел на џихадистите од Исламската држава.

Седиштето на судот би можело да биде некаде на Блискиот Исток, изјави шведскиот министер за надворешни работи Микаел Дамберг додавајќи дека суд во регионот би бил погоден за сведочење и доставување докази.

Досега три земји се согласија да присуствуваат на состанокот во Стокхолм на 3 јуни, изјави тој за шведското радио.

Само неколку вратени ИСИС терористи се уапсени и им е судено во Шведска поради постојните закони за кои се потребни докази за активна вклученост во терористичките злосторства со цел да се гонат осомничените.

Дамберг рече дека повеќе членови на ИСИС би можеле да бидат изведени пред лицето на правдата во меѓународен трибунал во регионот, поради достапноста на доказите и изјавите на сведоците, но има проблеми со таквиот план.

„Исклучително е тешко, бидејќи ниту една од земјите со кои разговарав не сака да соработува со режимот на Асад, но ги разгледуваме и другите решенија, можеби соработката со друга земја во регионот“, изјави Дамберг за шведското радио.

Франција, Холандија и Велика Британија се меѓу поканетите земји.

Според бројките објавени од шведската разузнавачка агенција Сапо, најмалку 300 Швеѓани отпатувале во Сирија и Ирак во периодот од 2012 до 2017 година за да се приклучат кон екстремистички групи, вклучувајќи го ИСИС. Се верува дека околу половина од нив се вратиле во Шведска, додека околу 50 се смета дека биле убиени, а уште 100 се сè уште во регионот.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе