Меѓународен црвен крст: Од март 208 напади врз лекари што лекуваат заразени

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ), Петер Маурер, рече дека од март досега во 13 земји се регистрирани 208 напади врз здравствени работници што лекувале пациенти заразени со коронавирусот.

Фото: Роберт Атанасовски

Маурер рече дека се зачестени нападите врз здравствените работници и дека здравствените системи се загрозени во моментите кога на луѓето им се најпотребни.

„Кризата со ковид-19 брзо се заканува да стане безбедносна криза“, рече тој, додавајќи дека податоците биле собрани од 13 земји на Блискиот Исток, Азија, Пацификот, Северна и Јужна Америка и Африка, но дека бројот на нападите веројатно е многу поголем.

Забележаните случаи вклучуваат инциденти што се движат од вербални закани, физички напади до палење на зградите во кои се сместени пациенти со ковид-19.

ИЦРЦ и десетина други светски организации што претставуваат милиони лекари, медицински сестри и здравствени работници вчера издадоа декларација во која поддршката од јавноста, која во најголем број земји се искажува преку аплауз, ја нарекоа „трогателна“, но додадоа дека „за жал, тажната реалност е тоа што здравствените работници веќе долго време се изложени на мошне шокантни форми на насилство“.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе