Најлошото допрва следува

Мегатајфунот во Јапонија уби 33 луѓе, над 140 се повредени (ВИДЕО)

Тајфунот Хагибис опустоши пошироки делови од Јапонија и уби 33 луѓе, а 13 луѓе исчезнаа во поплавите од надојдените реки од обилните врнежи и во лизгање на земјиште, јавуваат агенциите.

Во невремето предизвикано од супертајфунот се повредени повеќе од 140 луѓе. Хагибис е еден од најсилните тајфуни кои го погодиле регионот на Токио во последните шест децении. До копното стигна на островот Изу, а главниот јапонски град го погоди синоќа.

Во многу делови од земјата во тек се спасувачки операции поради одрони и поплави. Властите денес испратија десетици илјади војници и членови на спасувачки екипи за да им помогнат на жителите кои останаа заглавени во поплавените региони.

Поради остојаните дождови најмалку 14 реки надојдоа и ги поплавија крајбрежните подрачја на североистокот на земјата во регионите Канто и Кошин, објави мрежата КХН.

Браната на реката Чикума се урна што предизвика голема поплава во градови Нагано и Чикума.. Властите процениваат дека длабочината на водата во некои поплавени делови е и до 5 метри.

Тајфунот предизвика 48 одрони во 12 префектури. Околу 376.000 домаќинства останаа без струја, а 14.000 без вода.

Во текот на ноќта повеќе од 4,4 милиони луѓе добија наредба за евакуација во источна и североисточна Јапонија, вклучувајќи 910.000 во градот Кавасаки.

Во Токио околу 80.000 луѓе ноќта ја минаа во засолништа од страв од големи поплави.

Премиерот Шинзо Абе свика вонредна средба на министрите, а министерот задолжен за управување со катастрофи го испрати во погодените области. На семејствата на настраданите им изрази сочувство и кажа дека владата работи на тоа да ги спаси животите на луѓето и нивните имоти.

„Владата ќе направи сѐ што може за да соработува со релевантните агенции за повторно да се воспостават системите колку е можно побрзо“, кажа Абе.

Јапонија секоја година ја погодуваат дваесетина тајфуни. Пред Хагибис, тајфунот Факсаи на почетокот на септември уби најмалку две лица и предизвика значителна штета.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе