„Намасте Трамп“

Мега собир за првата официјална посета на Трамп во Индија (ФОТО+ВИДЕО)

На почетокот на 36-часовната посета во Индија американскиот претседател Доналд Трамп беше топло пречекан, а исто така на големиот собир по повод на настанот „Намасте Трамп“ на стадионот „Сардар Пател“ се очекува да се потврдат врските меѓу двете земји.

Додека авионот на американскиот претседател слетувал во Ахмедабад, во западна Индија, во тек биле последните подготовки за неговата посета на домот на поранешниот лидер за независност Мохандас Ганди, на „Сардар Пател" вториот по големина стадион во земјата и за посетата на славниот Таџ Махал.

Танчери во традиционални носии и тапанари биле распределени по црвениот тепих испружен пред претседателскиот авион, додека Трамп се подготвувал за топлиот прием што отсуствувал на многу други патувања, а на некои пречекан и со големи протести и студено ракување од светските лидери.

Во Индија, тој е пречекан со цврста прегратка од својот идеолошки истомисленик индискиот премиер Нарендра Моди.

Пред пристигнувањето на Трамп, големи подготовки биле спроведени во Ахмедабад, улиците биле чистени, цвеќиња биле засадени, стотици билборди со слики од претседателот и првата дама Меланија Трамп биле поставени долж патиштата.

Колоната возила со Трамп поминала 22 километри до новоизградениот стадион, а по патот го поздравувале внимателно избрани лојални поддржувачи на премиерот Моди и работници кои се членови на партијата на Моди, Бхарати Џаната.

Десетици илјади полицајци се подготвени да се грижат за безбедноста, а подигнат е нов ѕид пред една нехигиенска населба за да се скрие од очите на американскиот претседател.

Посетите на Трамп во странство обично се без многу посети на знаменитости, но овој пат претседателот и првата дама Меланија Трамп ќе го посетат Таџ Махал.

Трамп во вторник ќе ја заврши посетата на Индија со ден поминат во главниот град Њу Делхи, вклучувајќи и гала вечера и средби со Моди за запрените трговски преговори меѓу двете земји.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе