На самитот во Манила

Медведев: Трамп е добронамерен

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави денес дека накратко разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот АСЕАН во Манила и додаде дека Трамп е „отворен и добронамерен".

Медведев рече дека бил задоволен што разговарал со американскиот претседател на разни теми, пренесоа руските агенции.

„Се присетивме, меѓу другото, на историјата на нашите односи со САД, Втората светска војна и уште неколку теми“, кажа тој.

Рускиот премиер оцени дека руско-американските односи се на најниско ниво во последните неколку децении.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе