Медведев: Судење на земјата со најголем нуклеарен арсенал би било опасно за светот

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност, објави текст на својот профил на Телеграм во кој ја исмева можноста некој од Русија да заврши на меѓународниот суд за нападот на Украина.

Фото: ЕПА

Цитирајќи го сопствениот говор одржан на меѓународниот правен форум во Санкт Петербург, Медведев вели: „Обидите за создавање судови за таканаречената истрага на руските операции ги нареков луди. Овие предлози не се само правно неважечки. Идејата за казнување на земјата која има најголем нуклеарен арсенал е апсурдно само по себе и потенцијално ја загрозува егзистенцијата на човештвото“.

Медведев потоа се прашува „кој е овој идиот“ кој повикува на судење на Русија и самиот одговара на сопственото прашање – САД. Тој потоа наведува долг список на американски воени интервенции од крајот на Втората светска војна.

„Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија знаат колку може да бидат катастрофални последиците од таквите инвазии. Списокот е долг и постојано расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 земји од крајот на Втората светска војна, според студијата објавена од Глобал рисрч. Размислете за тоа - повеќе од 20 милиони! Авторот на таа статија, Џејмс А. Лукас, поставува добро прашање: Колку напади како оние од 11 септември има направено Америка во други земји: Одговорот е околу 10.000“, пишува Медведев.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе