Медведев: Секое оружје, дури и нуклеарното може да се користи за одбрана на територијата

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и моментално заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, најави дека секое оружје, вклучително и нуклеарното, може да се користи за одбрана на анектираните територии.

Фото: ЕПА

„Ќе се одржат референдуми, а републиките Донбас и другите територии ќе бидат прифатени во Русија. Заштитата на сите територии што се приклучија ќе биде значително зајакната од руските вооружени сили".

Русија најави дека не само мобилизациските способности, туку и секое руско оружје, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје и оружјето засновано на нови принципи, може да се користи за таква заштита.    

„Некои пензионирани идиоти со значки на генерали не треба да не плашат со приказната за нападот на НАТО на Крим. Но, западниот естаблишмент, воопшто, сите граѓани на земјите на НАТО мора да разберат дека Русија го избрала својот пат. Нема враќање“, напиша Медведев на Телеграм.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе