Медведев: Секое навлегување на НАТО на Крим ќе води кон трета светска војна, кон тотална катастрофа

Секој упад на некоја од земјите-членки на НАТО на полуостровот Крим може да претставува објава на војна кон Русија, што може да доведе до „трета светска војна“, изјави во понеделникот поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

„За нас Крим е дел од Русија. А тоа значи засекогаш. Секој обид за навлегување на Крим е објава на војна кон нашата земја“, изјави Медведев за весникот „Аргументи и факти“, во сопственост на градот Москва.

„И ако некоја земја членка на НАТО го стори тоа, тоа значи конфликт со целата Северноатлантска алијанса; Трета светска војна. Целосна катастрофа“.

Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, исто така рече дека доколку Финска и Шведска се приклучат на НАТО, Русија ќе ги зајакне своите граници и ќе биде „подготвена за одмазда“, што може да вклучи можност за распоредување хиперсонични ракети Искандер на нивниот праг“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе