„Производството на оружје и специјална опрема од сите видови се зголемува повеќекратно - од тенкови, пушки, до високопрецизни ракети и беспилотни летала. Подгответе се!“, рече Медведев на Телеграм, пренесе ТАСС.
Рускиот политичар им се обрати на противниците на Русија и ги посоветува да не се надеваат дека земјата ќе остане без оружје.
„Кога ги читам непријателските анализи, често наидувам на тврдења дека Русија наскоро ќе остане без воена опрема и широк опсег на оружје. Во стилот, сето тоа е потрошено. Не се надевајте на тоа“, рече Медведев.