Медведев: Пумпањето на Украина со оружје може да ескалира во нуклеарна војна

„Пумпањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста на судир на НАТО и Русија кој би можел да ескалира во нуклеарна војна“, предупреди вториот човек на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател Дмитриј Медведев, додавајќи дека тоа „би било катастрофално сценарио за сите“.

EPA-EFE

„Уфрлањето оружје од страна на земјите од НАТО во Украина, обуката на нејзините трупи за користење на западната опрема, испраќањето платеници и изведување на вежби на земјите на воениот сојуз во близина на нашите граници ја зголемуваат веројатноста од директен и отворен судир меѓу НАТО и Русија наместо посредничката војна преку Украина кои тие ја водат“, напиша Медведев на Телеграм.

„Таквиот судир секогаш носи ризик да се претвори во целосна нуклеарна војна. Тоа би било катастрофално сценарио за сите“, предупреди тој.

Истакна и дека „цинизмот на Западот е сè поочигледен“.

„Тие со сите сили се трудат на дневниот ред да ја стават тезата дека Москва наводно го плаши светот со нуклеарен конфликт. Дури и (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп тоа го туркаше. Вистина, нормално, само за инат на (американскиот претседател Џо) Бајден. И нормално, и Европејците цивкаат со своите тенки гласови“, напиша Медведев.

Зборувајќи за последици од нуклеарна војна, Медведев во повика Западот „да не се лаже себеси и другите“.

„Само треба да се размислува за можните последици на своите постапки. И немојте да се задушите со сопствената плунка во русофобијата“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе