Медведев истакна дека Западот вели дека „на Русија не смее да ѝ се дозволи да ја добие војната“ и дека тоа значи победа за Украина.
„Целта на Украина во војната веќе е дефинирана од киевскиот режим – враќање на сите територии кои претходно ѝ припаѓаа, односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата држава и распад на денешна Русија“, вели Медведев.
Тој вели дека ова е „директна причина за примена на членот 19 од Основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“, сугерирајќи дека Русија би имала право да користи нуклеарно оружје во случај на враќање на окупираните територии на Украина.
„Значи, кој планира нуклеарен конфликт, кажете ми? Што е тоа ако не директно предизвикување светска војна со употреба на нуклеарно оружје?“ пишува Медведев.
„Да ги наречеме работите со вистинско име. Западните земји го туркаат светот во глобална војна. А само целосна и конечна победа на Русија е гаранција против светски конфликт“, заклучи тој.