Во последно време западни експерти поприлично шпекулираат за руските залихи на оружје, односно за тоа дека на боиштето во Украина потрошила значителен дел од своите резерви на оружје и муниција. Медведев денес на средба со функционери на руската воена индустрија порача дека непријателите на Русија постојано тврдат дека им „недостига ова или она“.
„Морам да ги разочарам, имаме доволно од сè“, кажа тој, и додаде дека „испораки на илјадници парчиња ново оружје и воена опрема е во тек“. „Воспоставивме добар ритам на испораки од почетокот на годината, сега мораме да го одржиме“, порача Медведев.