Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, рече дека военото зајакнување на границата на НАТО со Русија повеќе не е само говорна фигура.
Минатата недела тој го предупреди НАТО дека Русија, доколку Шведска и Финска се приклучат на алијансата, ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични проектили во својата европска ексклава.
Пред да ја започне инвазијата, Русија бараше НАТО да се воздржи од какво било идно проширување, но војната доведе до распоредување на уште повеќе сили на НАТО на нејзиното источно крило.