Медведев: Љубителите на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја исмеа посетата на тројцата европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни и потсмевајќи се со националните стереотипи.

EPA-EFE

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик претседател на Националниот безбедносен совет на Руската Федерација. Од почетокот на руската инвазија на Украина тој се потсмева со изјавите на европските политичари.

Посетата на лидерите „нема никаква корист“, напиша тој. „Ветија ЕУ членство и стари хаубици на Украина, опиени со горилка (украински алкохолен пијалак) и патувале со воз, како пред 100 години. Да, тоа нема да ја доведе Украина поблиску до мир. Часовникот отчукува“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе