Медведев: Ќе има мир во Украина, но ние ќе ги диктираме условите

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност рече дека мирот во Украина ќе дојде само под услови диктирани од Москва.

Фото: ЕПА

Неговата изјава доаѓа во време кога украинските сили прецизно ги погодуваат руските воени цели низ земјата благодарение на напредното оружје што го добиваат од западните земји. Во исто време се чини дека руската копнена офанзива е во застој.

Поминаа повеќе од две недели откако Русија постигна значителен територијален напредок во војната, односно од освојувањето на украинскиот град Лисичанск. Генералштабот на украинските вооружени сили денеска соопшти дека руските сили ги воспоставуваат своите позиции на неодамна окупираната територија и започнуваат серија ограничени и на крајот неуспешни копнени напади во повеќе различни насоки. 

Медведев денеска сугерираше дека Москва е подготвена да направи се што е потребно за да победи, според Ројтерс.

„Русија ќе ги постигне сите свои цели. Ќе има мир, но ние ќе ги диктираме условите“, рече Медведев.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе