„На цивилизираниот свет не му треба оваа организација“

Медведев го предупреди НАТО: Не ѝ испраќајте системи „патриот“ на Украина

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го предупреди НАТО да не ѝ испраќа ракетни системи „патриот“ на Украина бидејќи ќе стане легитимна мета и го нарече западниот воен пакт „криминален ентитет“ бидејќи снабдува со оружје „екстремистички режими“.

EPA-EFE

Медведев, кој се претставуваше како либерален модернизатор додека беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, стана еден од најгласните поддржувачи на војната во Украина и редовно објавува остри обвинувања против Западот.

„Доколку НАТО, како што (генералниот секретар Јенс) Столтенберг најави, ги снабдува украинските фанатици со системи „патриот“ и персонал на НАТО, тие веднаш ќе станат мета на нашите оружени сили“, напиша Медведев на Телеграм. Останува нејасно дали мета ќе станат системите „патриот“ или персоналот на НАТО, пишува Ројтерс.

„На цивилизираниот свет не му треба оваа организација. Таа мора да се покае пред човештвото и да биде распуштена како криминален ентитет“, напиша Медведев претходно.

Министрите за надворешни работи на НАТО се собрани на состанок во Брисел и денес ги осудија „руските постојани и несовесни напади на украинската цивилна и енергетска инфраструктура“ и се обврзаа да ја засилат поддршката на Киев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе