Поранешниот руски претседател

Медведев: Европа ја чекаат празни полици, бран злосторства, хиперинфлација и банкрот

Поранешниот руски претседател и руски премиер, и актуелен потпретседател на рускиот Безбедносен совет Дмитриј Медведев, кажа дека „европскиот финансиски систем не е стабилен“ и дека „Европејците ја губат довербата“.

EPA-EFE

Како што јавува руската агенција ТАСС, блискиот соработник на рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, која кажа дека „банкротот на Русија е прашање на време“.

„Рускиот банкрот би можел со себе да повлече банкрот на Европа, и морален и, како што е лесно возможно, реален банкрот“, порача Медведев на Телеграм.

Иронично додаде дека „властите на Европската Унија можат да очекуваат голема благодарност од обичните Европејци за хиперинфлацијата која не може да се префрли на лошите Руси, за недостигот од основни прехранбени продукти во продавниците и за приливот на бегалци, кои ќе предизвикаат бран насилни злосторства“, напиша Медведев.

„Во тој случај луѓето во Брисел ќе мора да ја променат својата реторика. Во спротивно чадот од запалените гуми ќе се шири по европските улици во славата на хероите од Мајдан“, напиша тој.

За изјавите на Фон дер Лаен, Медведев напиша дека тие „не се заинтересирани за маките на луѓето, завршување на специјалната воена операција или желба за мир во Украина, туку за руски банкрот“.

„Тоа е она за што сонуваат. Тоа е основната стратегија на Европската Унија. Тоа е она што мазохистите од Брисел и нивните пријатели од другата страна на океанот навистина го сакаат“, заклучи Медведев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе