Како што јавува руската агенција ТАСС, блискиот соработник на рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, која кажа дека „банкротот на Русија е прашање на време“.
„Рускиот банкрот би можел со себе да повлече банкрот на Европа, и морален и, како што е лесно возможно, реален банкрот“, порача Медведев на Телеграм.
Иронично додаде дека „властите на Европската Унија можат да очекуваат голема благодарност од обичните Европејци за хиперинфлацијата која не може да се префрли на лошите Руси, за недостигот од основни прехранбени продукти во продавниците и за приливот на бегалци, кои ќе предизвикаат бран насилни злосторства“, напиша Медведев.
„Во тој случај луѓето во Брисел ќе мора да ја променат својата реторика. Во спротивно чадот од запалените гуми ќе се шири по европските улици во славата на хероите од Мајдан“, напиша тој.
За изјавите на Фон дер Лаен, Медведев напиша дека тие „не се заинтересирани за маките на луѓето, завршување на специјалната воена операција или желба за мир во Украина, туку за руски банкрот“.
„Тоа е она за што сонуваат. Тоа е основната стратегија на Европската Унија. Тоа е она што мазохистите од Брисел и нивните пријатели од другата страна на океанот навистина го сакаат“, заклучи Медведев.