„Добредојдовте во новиот свет“

Медведев: ЕУ наскоро ќе плаќа дупло за гасот

Предупредувањето доаѓа откако Германија го суспендира одобрувањето на гасоводот Северен тек 2.

Фото: ЕПА

Европејците наскоро ќе треба да плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри природен гас, напиша денеска на Твитер поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев. Предупредувањето доаѓа откако Германија нареди да прекине процесот на одобрување на гасоводот Северен тек 2.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц нареди да се запре сертификацијата на гасоводот Северен тек 2. Па, добредојдовте во новиот свет, во кој Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас!“, напиша Медведев во полуиронична објава на Твитер.

Канцеларот Шолц претходно рече дека побарал од германското Министерство за економија да се осигури дека во моментов одобрувањето на гасоводот не може да се случи.

„Звучи технички, но тоа е неопходниот административен чекор за да нема одобрување на гасоводот, а без оваа потврда, Северен тек 2 не може да почне со работа“, рече канцеларот.

Гасоводот од 12 милијарди долари, кој е во мнозинска сопственост на рускиот државен енергетски гигант Газпром, може да транспортира 55 милијарди кубни метри природен гас годишно од Русија до Германија.

Иако беше завршен во август минатата година, гасоводот сè уште чека одобрување од Германија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе