Медиумите во регионот и светот за протестите во Србија

Еколошки активисти ги блокираа вчера во 14 часот сообраќајниците во Белград, на повеќе локации, меѓу кои Бранков мост, Газел, Пупинов мост, кружните текови Славија, Автокоманда, кај општината Нов Белград. Освен во Белград, протести се одржаа низ целата земја – на дури 53 локации. Овие настани привлекоа големо внимание и во регионот и во странство, јавуваат српските медиуми.

EPA-EFE

„Илјадници демонстранти во Белград и други српски градови ги блокираа во саботата главните патишта и мостови за да го искажат незадоволството поради планираниот рудник за литиум. Се собраа и покрај предупредувањата на полицијата и кампањата за заплашување која власта ја водеше против демонстрантите“, пишува Асошиејтед прес.

„Со свирење со свирчиња и со скандирање „Востание! Востание!“ демонстрантите го сопреа сообраќајот на главниот автопат кој минува низ српската престолнина“, пишува американската агенција.

Ројтерс објави текст со наслов „Илјадници луѓе ги блокираат патиштата низ Србија во знак на антивладин протест“.

Наведува дека луѓето протестираат против два нови закони за кои еколозите велат дека на странските компании ќе им дозволат да ги експлоатираат локалните ресурси.

Босански Кликс пишува дека се собрале илјадници луѓе на улиците, а дека во Белград беа блокирани главните сообраќајници.

Хрватски Индекс пишува дека цела Србија била блокирана и дека имало масовни тепачки на улиците. Истакнуваат дека било впечатливо отсуството на униформирана полиција, дека протестите ги следеле низа провокации, спорадични судири и тепачки, а кои според оценката на активистите ги предизвикале групи провокатори и поддржувачи на власта.

Подгорички Вијести пишува дека на протестите се собраа луѓе од речиси сите краишта на Србија, и дека во Белград се случил инцидент кога автомобил удрил девојка.

Пренесена е изјавата на активистот Александар Јовановиќ Ќута, кој порача: „Вучиќ мора да ги исполни сите наши барања – Рио тинто надвор од Србија, да се поништи законот за експропријација и законот за референдум да се врати во собранието за народот да одлучи“.

Радио слободна Европа на англиски јазик известуваше за блокадите низ Србија во текстот со наслов „Антиеколошки закони предизвикаа протести во Србија“.

Истакнаа дека ова е втора сабота по ред во која граѓаните излегуваат на улиците за да го искажат протестот поради неодамнешните потези на владата да го снижи референдумскиот праг и да овозможи брза експропријација на приватниот имот ако се смета дека тоа е во јавен интерес.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе