Поради манифестот на напаѓачот

Медиумите го поврзаа Трамп со убиецот во Нов Зеланд, помошниците го бранат

Мик Малвени го критикуваше поврзувањето на манифестот на напаѓачот со Трамп.

Висок претставник на Белата куќа во неделата изјави дека претседателот Трамп „не е бел расист“ и дека обидите да се поврзе со напаѓачот во новозеландската џамија се „апсурдни“, пренесе Асошиејтед прес.

Мик Малвени, вршител на должноста шеф на кабинетот, го опиша напаѓачот во Нов Зеланд како „нарушен поединец“ и „злобна личност“ и рече дека е неправедно 28-годишниот Австралиец да се означи „како поддржувач на Доналд Трамп, што е исто како да ги погледнете неговите некој вид еколошко-терористички пасуси во тој манифест и да го изедначите со Ненси Пелоси или со (Александрија) Окасио-Кортез“.

Малвени го нарече напаѓачот „нарушен поединец, злобна личност, и обидите тој да се поврзе со некој американски политичар од која било партија, веројатно игнорираат некои од подлабоките проблеми што ги открива таквата активност“.

Сепак, бранењето на Трамп од страна на Малвени не ги смири повиците, главно од демократите, претседателот јавно и остро да го отфрли белиот национализам. Тие тврдат дека реториката на Трамп, вклучувајќи ги и острите коментари за имигрантите и муслиманите, ги охрабрува лицата како што е напаѓачот во Нов Зеланд.

Брентон Харисон Тарант, човекот обвинет за смртоносните престрелки во џамиите во Крајстчерч, Нов Зеланд, остави зад себе долг документ во кој вели дека бил бел националист што ги мрази имигрантите и дека бил поттикнат од нападите во Европа што беа извршени од муслимани.

„Дали сте биле/сте поддржувач на Доналд Трамп?“ беше едно од прашањата што самиот си ги поставил во документот. Неговиот одговор: „Како симбол на обновениот бел идентитет и заедничка цел? Секако. Како креатор на политики и лидер? Благи боже, не.“

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе