Лондон

Медиуми: Интервјуто на принцот Ендрју се заканува да се претвори во „најголема катастрофа од 1997 година“

Обидите на принцот Ендрју да ги разјасни своите пријателски односи со финансиерот педофил Џефри Епстајн во интервјуто за Би-би-си се претвори во фарса.

Фарсата се заканува да прерасне во најголемата катастрофа за кралското семејство од 1997 година и начинот на кој се однесуваа кон смртта на принцезата Дајана, пренесува Блумберг на својата веб-страница.

Британскиот принц Ендрју во интервју за Би-би-си објавено синоќа првпат одговараше на прашања за врските со осудениот педофил Епстајн, во кое призна дека било грешка да престојува во неговата куќа.

Во едно од ретките интервјуа принцот Ендрју за Би-би-си категорично ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс Џофреи, која го обвини за сексуална злоупотреба во времето кога била малолетна.

Таа тврди дека тоа се случило трипати во 2001 и 2002 година кога имала 17 години - во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн во американските Девствени острови.

И покрај широко распространтата фотографија на која се гледа како Ендрју е со Џофреи, со раката околу нејзината гола половина, принцот инсистираше на тоа дека тој „нема сеќавање дека некогаш ја запознал оваа дама, никакви“.

Во исто време, тој „неверојатно јасно“ се сеќава како ја однел ќерка си во Пица Експрес и го поминал остатокот од ноќта дома, на денот кога Џофреи тврди дека имале секс.

Повеќе часовното интервју веднаш стана ударна тема на социјалните медиуми, со бројни реакции, а малку од нив му одеа во прилог на принцот.

Многу медиуми и аналитичари проценија дека тој не е во можност ниту да излаже како што треба. Одговорите што принцот ги даваше сигурно уште долго ќе предизвикуваат осуда, особено оној дека остана во вилата на Епстајн четири дена во 2010 година затоа што било „згодно“. Посетата за која станува збор следела неколку месеци откако Епстајн бил ослободен од куќен притвор заради злоупотреба на малолетнички.

Марк Стивенс, медиумски експерт, рече дека интервјуто е катастрофална грешка, додавајќи дека таквата стратегија има смисла само ако имате целосен и јасен одговор на секое прашање, а во интервјуто на Ендрју има премногу неизвесни и лабави одговори.

Принцот Ендрју со месеци е под притисок поради врските со Епстајн, 66-годишниот американски финансиер, кој, откако беше обвинет за сексуално злоставување малолетни лица во подолг период, се самоуби во август во затвор во Њујорк.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе