Во редок знак на солидарност

Медицински советници од САД и Кина се здружуваат во борбата против пандемијата

Размената на информации и прекуграничната соработка се од суштинско значење во борбата против ковид-19, изјави медицински советници од САД и Кина, во редок знак на солидарност, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).

EPA-EFE

Главниот медицински советник на американскиот претседател Ентони Фаучи разговарал со кинескиот експерт за респираторни болести Џунг Ниншан, на интернет конференција организирана од Универзитетот на Единбург.

Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го обнови финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) Џунг го пофали како „навистина добра вест“.

За Џунг, СЗО поддржана од САД може да одигра уште поголема улога во прераспределбата на вакцините против ковид-19.

„Десетина земји имаат околу 75 отсто од вакцините“, предупреди поранешниот претседател на Кинеската здравствена организација, кој повика на понатамошна меѓународна поддршка на Ковакс, глобалната иницијатива за рамномерна распределба на вакцините, која ја поддржуваат и САД и Кина.

И Фаучи е заговорник на глобалната вакцинација, бидејќи вирусот може да се размножува и потенцијално да мутира во земјите со ниска стапка на вакцинираност, што може да доведе до нов бран на вирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе