Медицинска сестра која се грижеше за Џонсон поднесе оставка, бесна е на владата

Медицинска сестра која на интензивна нега се грижеше за британскиот премиер Борис Џонсон додека се бореше со ковид-19 поднесе оставка. Таа е незадоволна од начинот на кој владата ги третира здравствените работници.

Фото: ЕПА

Џени Мекги, со потекло од Нов Зеланд, била една од двете медицински сестри кои Џонсон ги пофали за грижата за него додека минатиот април беше во лондонската болница Сент Том, кога рече дека здравствениот систем му го спасил животот.

Но, Мекги сега поднесе оставка, критикувајќи го својот поранешен пациент и неговата влада поради начинот на кој ги третира здравствените работници, објави во вторникот Гардијан.

„Не нè почитуваат и не нè плаќаат колку што заслужуваме. Доста ми беше. Затоа, дадов отказ“, вели таа во документарниот филм на Канал 4 ТВ, кој ќе биде објавен на 24 мај.

Весникот наведува дека Мекги зборувала за многу критикуваниот владин предлог за зголемување на платите на здравствените работници за 1 процент, што политичките противници на Џонсон и синдикатите го оценија за навредливо.

Кабинетот на Џонсон не ги коментираше написите на весникот, но соопшти дека британската влада „ќе стори сè што е во наша моќ да ги поддржиме“ здравствените работници.

„Ние сме многу благодарни за грижата што ја пружаат здравствените работници, особено во пандемија“, рече владината портпаролка. „Затоа тие се ослободени од замрзнување на платите во целиот јавен сектор, што беше воведено поради тешката економска состојба предизвикана од пандемијата.

Болницата Сент Том издаде изјава во име на Мекги во која наведува дека со нетрпение чека наскоро да ја продолжи својата кариера во медицината на Карибите, пред што ќе се одмори дома во Нов Зеланд.

„После најтешката година во мојата кариера, ќе се оддалечам од британското здравство, но се надевам дека во иднина ќе се вратам“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе