Претседателот е на одмор во сибирскиот природен резерват

„Мечките гледаат дека ова е Путин:“ Кремљ со смеа ја отфрла опасноста (ФОТО+ВИДЕО)

Владимир Путин зеде неколку дена одмор, во почетокот на овој месец, и замина во сибирската дивина, објави Кремљ во неделата, додавајќи дека верува оти локалниот див свет не е директна закана за рускиот претседател.

 

Путин бил придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу и Генадиј Киселев, директор на надзорниот тим во природниот резерват Сајано-Шушенски што тие го посетиле. Објектот со површина од 964.620 акри е релативно близу до руската граница со Монголија.

Тројцата мажи планинареле, се возеле и ловеле риби од брод. На снимката се гледа возбудениот Путин, кој забележува како нивното возило „скоро го прегазило“ стадо елени, кои не се навикнати да навлегуваат луѓе во нивниот домен, вели РТ.

„Колку беа брзи! Како скокнаа! Тие треба да бидат на Олимпијадата. Им нема рамен“, рече тој.

Групата ноќе кампуваше во шатори, соопшти Кремљ.

Истражувачот на дивиот свет Киселев го информирал претседателот како напредуваат програмите за зачувување што ги води. Научниците се обидуваат да го зголемат бројот на снежни леопарди во резерватот Сајано-Шушенски. Путин многу ги сака големите мачки и ги поддржува напорите за зачувување, вели РТ.

Пешачењето предизвикало хумористична загриженост за безбедноста на руското раководство, бидејќи тројцата мажи се приближиле до дувло на мечки. Се проценува дека во резерватот живеат 200 мечки, така што прес-секретарот на Путин бил прашан од медиумите какви мерки биле преземени за во случај на напад.

Дмитриј Песков ги уверил новинарите дека личната безбедност на претседателот „постојано ја обезбедуваат оние што ја имаат таа задача“, без да навлегува во детали. Што се однесува на мечките, Песков се пошегува: „На крајот на краиштата, мечката ќе види дека ова е Путин“.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе