Мажот што ја уби популарната угандска горила доби 11 години затвор

Убиецот на еден од најпознатите угандски планински горили, Рафики, е осуден на затворска казна во траење од 11 години.

EPA-EFE

Фелиск Бјамукама призна дека нелегално влегол во заштитена област на национален парк и го убил горилата. Во почетокот на судењето тврдеше дека животното го нападнало и дека го убил Рафики во самоодбрана.

Бјамукама исто така се изјасни како виновен за убиство на антилопа и диви свињи и се поседување на месото од тие животни, пренесува Би-би-си.

Истрагата покажала дека Рафики бил убиен со остар предмет што ги пробил неговите внатрешни органи. Вработените на националниот парк забележале на 1 јуни дека го нема горилата, а неговото тело го нашле подоцна.

Уште тројца мажи се наоѓаат во затвор и чекаат судење.

Угандските власти кон средината на јуни приведоа четворица мажи поврзани со убиството на 25-годишниот горила мажјак кој беше лидер на чопорот и исклучително популарен меѓу туристите.

Мажјакот Рафики беше убиен во националниот парк Бвинди. Националниот парк е под заштита на УНЕСКО и се наоѓа во близина на границата со Конго. Тој е густа прашума со површина од 320 квадратни километри и во него живеат човеколики мајмуни, слонови, антилопи и други диви животни.

Туристите главно ги привлекуваат околу 400 планински горили кои живеат во таа област. Во Бвинди живеат околу половина од светската популација на горилите.

Рафики беше лидер на чопорот наречен Нкуринго, во кој имаше 17 горили.

Ловокрадењето е често во Уганда и полицијата често објавува дека запленила скапоцени предмети како слонова коска, рогови на носорози и слично.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе