Шпанија

Сопругот на шпанската принцеза за пет дена оди во затвор

Судот во Палма де Мајорка му даде на Инјаки Урдангарин, сопругот на шпанската принцеза Кристина, рок од пет дена да почне да ја издржва казната затвор од пет години и 10 месеци, пренесе Би-би-си.

Судот пресуди дека Урдангарин е виновен за измама и даночно затајување, но го ослободи од обвинението дека фалсификувал документи.

Инаку Урдангарин, кој со шпанската принцеза Кристина и нивните четири деца живеат во Швајцарија, се појави пред судот во Палма де Мајорка за да му соопштат кога ќе почне да ја издржува казната, пренесе Ројтерс.

Шпанскиот Врховен суд ја потврди пресудата на понискиот суд, со која сопругот на шпанската принцеза Кристина е осуден на речиси шест години затвор, намалувајќи му ја казната за пет месеци.

Понискиот суд во Палма де Мајорка го осуди Урдангарин во 2016 година за злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на службената должност, измама и даночно затајување.

Врховниот суд ја потврди пресудата и дека принцезата Кристина имала корист од кривичните дела сторени од нејзиниот сопруг и ѝ е одредена парична казна.

Инјаки Урдангарин е поранешен шпански ракометар, а принцезата на Шпанија ја запознал во 1996 година на Олимписките игри во Атланта. Една година подоцна се венчале.

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе