Маж влегол во њујоршка катедрала со канистри полни со бензин и запалка (ВИДЕО)

Триесет и седумгодишен маж влегол во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистри полни со бензин, течност за запалки и запалка, соопшти њујоршката полиција.

Мажот влегол во катедралата на Менхетн вчера околу 20 часот и се судрил со чуварите, соопшти полицијата.

Кога се свртил да си замине, бензинот се истурил на подот, а чуварите ги информирале полицајците кои стоеле надвор.

Полицајците го привеле човекот по испрашувањето, кажа Џон Милер од одделот на њујоршката полиција за разузнавачки и антитерористички активности.

„Човек кој ќе вшета во славна локација како катедралата Свети Патрик носејќи преку четири галони бензин, две шишиња запалива течност и запалка, веднаш предизвикува сериозна загриженост“, им кажа Милер на новинарите пред катедралата.

На прашањето дали мотивот е тероризам, Милер одговори дека е „прерано да се утврди тоа“.

Милер истакна дека инцидентот се случи два дена по пожарот во кој настрада париската катедрала Нотр Дам.

„Тоа е индикатор дека нешто може да биде сомнително“, кажа тој.

Човекот ѝ кажал на полицијата дека одел низ катедралата за од Петтата авенија да стигне до авенијата Медисон бидејќи возилото му останало без гориво, додаде Милер.

Кога полицијата го проверила возилото, утврдила дека не е без гориво, врз основа на што човекот бил уапсен.

„Тој ѝ е познат на полицијата и ја истражуваме неговата заднина. Не знаеме како размислува и кои му се мотивите“, кажа Милер.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе