Поминал без ниедна гребаница

Маж влегол кај лавот во зоолошката во Њу Делхи и го задевал (ВИДЕО)

Посетителите во зоолошката градина во Њу Делхи прво беа ужаснети, а потоа и шокирани во четвртокот, откако еден маж ја прескокнал високата ограда околу лавовското живеалиште и почнал да ја задева големата мачка. За чудо, поминал неповреден.

Мажот, кого очевидците го опишале како пијан и потенцијално ментално нестабилен, е идентификуван како Рехан Кан (28) од Бихар. Кан успеал да ја прескокне оградата и покрај обидите на чуварите на зоолошката градина да го запрат, инсистирајќи дека не сака да биде спасен.

Потоа тој бил снимен како седи лице во лице со лавот, па и легнал покрај големата мачка, навидум предизвикувајќи го кралот на животните да го нападне.

Инцидентот завршил кога работниците во зоолошката градина го смириле лавот и го спасиле човекот од живеалиштето, без ниедна гребаница.

„Лав со ваква големина може да убие човечко суштество во рок од 15 секунди“, рече Аниш Андерија од Фондот за зачувување на животинскиот свет.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе