Кај полициска станица

Маж со нож нападна полицајци во Париз, полицијата го уби (ВИДЕО)

Маж вооружен со нож нападна полицајци во полициска станица во Париз. Напаѓачот ранил неколку полицајци пред да биде убиен.

Најмалку еден полицаец е сериозно повреден во нападот, пренесува францускиот телевизиски канал БФМ. Полициски извори рекле за Ројтерс дека напаѓачот е убиен.

Во меѓувреме, портпаролот на париската полиција одби да го коментира инцидентот.

Метростаница во близина на полициската станица е затворена од безбедносни причини, соопштија градските транспортни власти по нападот.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, е на пат кон полициската станица за да изврши увид во местото на злосторството, јавуваат локалните медиуми.

Се верува дека напаѓачот работел во полициската станица, иако не е јасно на која функција, јавија повеќе медиуми.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе