Маж со нож нападна луѓе во Полска, едно лице е мртво а седум се повредени (ВИДЕО)

Една жена е убиена и седум луѓе се повредени во напад со нож во трговски центар во Полска.

Мажот е идентификуван како Конрад К. (27), и почнал со нож да ги напаѓа од грб посетителите на шопинг центарот ВИВО во градот Сталова Вола.

Сведоците изјавија дека еден од посетителите го совладал напаѓачот, кој веднаш бил уапсен. Жртвите итно биле пренесени во болница, а 50-годишна жена им подлегнала на повредите.

Полицијата соопшти дека напаѓачот не пружал отпор при апсењето и мирно бил одведен во станица. Сѐ уште не се знае мотивот на нападот.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе