НА ШАНЗЕЛИЗЕ ВО ПАРИЗ

Маж излегол од возило и почнал да пука, „мошне веројатно терористички чин“ (ВИДЕО)

Возило застанало на Шанзелизе 102 пред полициско комби, а од него излегол маж и почнал да пука со автоматско оружје. Полицијата возвратила на огнот и го убила напаѓачот, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пјер Енри Бранде, пренесува Си-ен-ен.

Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети, од кои еден потешко. Не е познато дали напаѓачот бил маж или жена.

Големи полициски сили се испратени на најпознатата улица во светот, во центарот на Париз, јави Ројтерс. Агенцијата пренесува полициски извор што рекол дека и на друга локација, во близина на оваа, биле испукани куршуми.

Нападот „мошне веројатно“ е „терористички чин“, а го извршиле двајца напаѓачи, пренесе агенцијата, цитирајќи полициски извор. Сепак, сè уште нема официјална потврда на тоа.

Бранде рече дека сè уште е рано за да се зборува за мотивите, но дека е јасно дека полицајците биле намерно нападнати.

Престрелката се случила околу 21 часот по локално време во близина на метростаницата „Френклин Д. Рузвелт“ во осмата област на францускиот главен град.

Полицијата ги предупредува парижани да ја избегнуваат областа на Шанзелизе.

„Во тек е полициска интервенција во областа на Шанзелизе, избегнувајте го тој дел и следете ги инструкциите на полициските сили“, напиша француската полиција на Твитер.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе