Американскиот министер за одбрана

Матис: Веста дека Трамп барал зголемување на нуклеарниот арсенал на САД е апсолутна лага

Американскиот министер за одбрана Џим Матис синоќа ги критикуваше „апсолутно лажните“ медиумски извештаи во кои се тврди дека претседателот Доналд Трамп барал зголемување на американскиот нуклеарен арсенал.

„Тој вид на медиумско информирање е неодговорен“, пишува во соопштението на Матис.

Медиумската мрежа Ен-би-си објави, повикувајќи се на тројца функционери кои биле на состанокот, дека Трамп побарал „десеткратно“ зголемување на нуклеарниот арсенал на САД која во јули разговарал со советниците за национална безбедност.

Самиот Трамп таквите извештаи веќе ги негираше и навести дека можеби ќе бара одземање на лиценците на мрежата Ен-би-си и останатите национални телевизии откако пренесоа дека државниот секретар Рекс Тилерсон го нарекол „е*ен морон“ во разговорите за американскиот нуклеарен арсенал.

Наводните коментари на Трамп се случиле во времето на растечките тензии со Северна Кореја и исчекувањето на неговата одлука за можното излегување на Вашингтон од меѓународниот нуклеарен договор со Иран.

Американскиот претседател тоа наводно го кажал кога му била покажана карта според која американскиот арсенал опаднал од 32.000 нуклеарни глави колку што ги имало на врвот во 60-тите години од 20-от век. Трамп наводно сакал повторно да се стигне до таа бројка, јави Ен-би-си.

Америка во моментов поседува 4.000 нуклеарни боеви глави, според податоците на Федерацијата на американски научници.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе