Се огласи поранешниот министер за одбрана

Матис: Трамп се обидува да ги подели Американците

Џејмс Матис, поранешниот американски министер за одбрана кој поднесе оставка затоа што се спротивстави на одлуката на американскиот претседател за повлекување на силите од Сирија, го обвини Доналд Трамп дека се обидува да ја „подели" Америка.

EPA-EFE/JAWAD JALALI

„Лут и запрепастен ги следев настаните од оваа недела. Зборовите ‘Еднаква правда според законот’ се врежани на зградата на Врховниот суд. Токму тоа демонстрантите со право го бараат“, напиша Матис за американскиот магазин Атлантик, додавајќи дека ова е барање зад кое секој треба да може да застане.

„Не смеат во тоа да не спречат оние малкумина кои го кршат законот. Протестираат десетици илјади совесни луѓе кои инсистираат на тоа да бидеме дораснати на нашите вредности како народ и нација“, напиша Матис.

„Мора да ги отфрлиме и да ги повикаме на одговорност оние официјални лица кои прават лакрдија од нашиот устав“, напиша Матис.

„Доналд Трамп е првиот претседател во мојот живот кој не се обидува да ги соедини Американците, дури и не се преправа дека се обидува. Наместо тоа, тој се обидува да нè подели“, напиша Матис.

Матис, кој досега избегнуваше директно да ги коментира одлуките и активностите на Доналд Трамп, рече дека ги поддржува демонстрантите кои „со право бараат да имаат еднакви права“.

Неколку стотици илјади граѓани повеќе од една недела протестираат во повеќе од 140 градови во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Трамп, кој сè уште не се изјасни за барањата на демонстрантите, употреби остар тон кон нив и се закани дека ќе ја испрати војската на улиците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JAWAD JALALI

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе