Низ цела Европа

Масовно напуштени миленичиња откако илјадници луѓе панично ги испокупија во карантинот

Бројот на кучињата и мачките што се напуштени поради загуба на работните места и смртни случаи поврзани со ковид порасна во Португалија, додека добротворните организации за животни во Велика Британија предупредуваат дека сопствениците што купиле кученца за време на карантинот наскоро би можеле да се откажат од нив.

Фото: ЕПА

Бројот на отфрлените миленичиња во Португалија годинава е зголемен во споредба со истиот период минатата година, според извештајот објавен во четвртокот од португалскиот весник Џорнал де нотисијас.

Се вели дека вината е во невработеноста и смртта на постаро лице поради ковид-19, а повеќето случаи се во поголемите градови во земјата, се вели во извештајот.

Португалските безбедносни агенции истражиле 667 случаи на напуштање во периодот јануари и август оваа година – а биле помалку од 500 во истиот период во 2019 година.

„Многу постари луѓе што починаа од ковид живееја сами со своите мачки. Членовите на нивните семејства, поради финансиска неспособност, не ги примиле мачките, кои потоа завршија на улиците“, рече народната правобранителка за заштита на животните во Лисабон, Мариса Куарезма дос Реис.

За разлика од многу други земји, миленичињата во Португалија имаат право на правна заштита, а напуштањето домашно милениче е кривично дело што се казнува парично или со затворска казна до шест месеци.

Но проблемот не е карактеристичен само за Португалија. Добротворните организации за заштита на животните низ цела Европа со недели алармираат.

Во Велика Британија неделава е објавен извештај со предупредување за „потенцијалното катастрофално“ влијание на ковид-19 и на првиот, пролетен карантин врз домашните животни низ целата земја.

„Карантинот предизвика илјадници луѓе во паника да купуваат домашни миленици за друштво, а повеќе од 40% од луѓето што купиле кученца за време на карантинот признаа дека претходно не планирале да купат куче“, велат од една британска добротворна организација.

Се чини дека напуштањето миленичиња како резултат на ковид-19 е светски проблем. Тој е во пораст и надвор од Европа, во земјите како Индија, Кина и Малезија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе