Масовни протести во Лондон, екстремни десничари се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Илјадници антирасистички демонстранти, како и екстремно десничарски активисти, се собраа во Лондон и покрај повиците на владата и безбедносните сили да не го сторат тоа заради пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE/NEIL HALL

Десетици екстремно десничарски демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на парламентот и бариерите поставени во близина на Вајтхол. Очевидци за Ројтерс соопштија дека се фрлале пиротехнички средства и шишиња.

„Сосема неприфатливо насилство“, изјави министерката за внатрешни работи Прити Пател, коментирајќи ги судирите во Вајтхол.

„Секој што е насилен или вандализира, мора да очекува да се соочи со полна сила на законот“, напиша Пател.

„Одете дома и запрете го ширењето на коронавирусот и спасете животи“, ги повика демонстрантите.

Илјадници антирасистички демонстранти пристигнаа на демонстрации ширум Велика Британија во петокот, игнорирајќи ги повиците на премиерот Борис Џонсон, кој тврди дека протестите Блек лајвс метр (БЛМ) ги „грабнаа екстремисти за да спроведуваат насилство“.

„Нема да не замолчат“, стои во објавата на Фејсбук страницата на лондонската БЛМ.

Лондонската полиција издвои одделни зони во центарот на градот за антирасистички протести и за контра-протести од страна на екстремно десничарските групи, наложувајќи им на сите да бидат готови до 17 часот.

„На сите што планираат да се приклучат на протестите Блек лајвс метр овој викенд: за ваша безбедност, ве молам, останете дома и пронајдете безбеден начин да се слушне вашиот глас", напиша во саботата на својот профил на Твитер лабуристичкиот градоначалник на Лондон, Садик Кан порачувајќи им на екстремно десничарските групи дека „Лондончани немаат време за нивната омраза".

Британската полиција ги предупреди демонстрантите дека со излегувањето на улица ќе ги прекршат британските мерки за социјално дистанцирање, со кои е утврдено дека на собир може да бидат присутни максимум шест лица.

На протестите против расизмот во Велика Британија во текот на изминатите три недели им се придружија неколку стотици илјади мирољубиви демонстранти, но британските медиуми и политичари нагласокот го ставаат на нападите врз полицајци.

Јавноста води расправа и за уништување на статуите на историски личности поврзани со трговијата со робови и империјализам.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NEIL HALL

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе