Доста бомби

Масовни потреси го тресат Западниот брег (ФОТО+ВИДЕО)

Додека Израел продолжува со офанзивата врз Газа, а Хамас не престанува со ракетните напади врз цивилни цели, бројот на загинатите Палестинци надминал 800, а Западниот брег решил да се крене на нозе и да ја покаже својата огорченост поради повторното разгорување на конфликтот, пренесува Франс прес.

Десетици илјади Палестинци марширале од Рамала, градот на Западниот брег, кон Ерусалим, за да го искажат своето незадоволство поради најновите насилства и нападите на Израел во појасот Газа.

Ова се најголемите протести од 1980 година.


Ројтерс јавува дека протести избиле и во Ерусалим, во близина на Ѕидот на плачот.

Дипломатските напори за прекин на судирите меѓу израелската војска и радикалното исламистичко движење Хамас се засилуваат откако над 800 луѓе, главно цивили, загинале во судирите кои траат повеќе од две недели.


Се стравува дека судирот би можел да се прошири и на Западниот брег, кој не е под контрола на Хамас, туку на умерените Фатах, откако синоќа на таа територија во судир меѓу Палестинците и израелските сили загинало едно лице.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе