„Масовна“ потрага по наоружена жена која се закани на годишнината од масакрот во Колумбајн (ВИДЕО)

Многу училишта во областа на Денвер денес ќе бидат затворени додека властите спроведуваат „масовна потрага" по млада жена за која велат дека е „опседната" со пукањето во средното училиште Колумбајн од 1999 година. Тие велат дека се заканила само неколку дена пред 20-годишнината од нападот во училиштето, кога загинаа 13 лица.

Властите ја бараат Сол Паис (18), за која се смета дека тајно се заканила, а тоа ги поттикнале Колумбајн и 20 други училишта надвор од Денвер да ги заклучат вратите речиси три часа во вторникот попладне.

Сите училишта во близината на Денвер се повикани да ја зајакнат безбедноста, бидејќи заканата е оценета за „веродостојна и општа“, изјави Патриша Билингер, портпаролка на Одделот за јавна безбедност во Колорадо.

Некои училишта ги пуштија учениците откако е повикано дополнително обезбедување и ги откажале вечерните активности или ги преместиле внатре.

„Секогаш го зголемуваме вниманието околу ваквите годишнини“, рече Билингер.

Паис отпатувала за Колорадо од Мајами во понеделникот вечер и купила сачмарка и муниција, според канцеларијата на Шерифот на округот Џеферсон и ФБИ. Таа последен пат била видена во подножјето западно од Денвер, се смета за вооружена и крајно опасна и не треба да ѝ се пристапува, велат тие.

„Ова стана масовна потрага... и секоја агенција за спроведување на законот учествува и помага во потрагата“, изјави Дин Филипс, специјален агент директор на ФБИ во Денвер.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе