Масовна евакуација во Австралија, морнарицата ги спасува заробените граѓани од пожарите (ФОТО+ВИДЕО)

Брод на австралиската морнарица пристигна до гратчето Малакута во државата Викторија за да ги евакуира жителите заробени во поѓарите, а војската се подготвува со хеликоптери и бродови да спасува десетици илјади луѓе од туристичките места на источниот брег.

Бродот ХМАС Чулс е натоварен со храна, вода и медицински материјали и може одеднаш да евакуира илјада луѓе, соопшти портпаролот на војската.

Пет воени хеликоптери и уште еден брод на воената морнарица натоварени со потребни материјали и гориво тргнаа да ги евакуираат жителите на градовите на источниот брег опколени од пожарите, јавува Ројтерс.

Четири илјади луѓе се заробени во Малакута, гратче во државата Викторија околу 500 километри источно од Мелбурн, откако бегајќи пред огнот побарале спас на плажите. Градот со илјада жители е популарна туристичка дестинација која во лето привлекува илјадници посетители.

Ќе бидат потребни денови, а можеби и недели за пожарите целосно да се изгасат, а патиштата да се вратат во функција за луѓето да можат со возила да ја напуштат Малакута, изјави главниот командир на пожарникарскиот сојуз Стив Ворингтон. „Огнот буквално гори покрај патот... Стеблата се уриваат и ги блокираат патиштата“, изјави тој.

Претходно денес властите во државите Викторија и Нов Јужен Велс им кажаа на туристите и посетителите да го напуштат тој регион бидејќи се очекува екстремен топлотен бран кој ќе ги влоши постоечките пожари во текот на претстојниот викенд.

Пожарникарската служба прогласи „зона која туристите мора да ја напуштат“ во должина од 240 километри од летувалиштето Бејтманс беј во Нов Јужен Велс до границата со државата Викторија.

Се очекува во сабота да пристигне нов топлотен бран со темепратури над 40 Целзиусови степени.

Бензинските пумпи останаа без гориво, се празнат резервите од храна и вода во голем број крајбрежни населби кои се отсечени од светот поради пожарите, соопштија пожарникарите.

Се очекува силните ветришта кои доаѓаат со топлотниот бран да предизвикаат мегапожари во областа Блу маунтинс западно од Сиднеј. Чадот денес натера бројни жители на Канбера да носат маски дури и во градот.

Количеството чад во Канбера во моментов го прави тој град најзагаден во светот. вчера квалитетот на воздухот во Канбера беше 20 пати поголемо од нивото кое се смета за опасно.

Пожарите пустошат низ југоисточна Австралија од октомври. Изгорени се повеќе од 5,36 милиони хектари низ земјата и уништени се 1.400 домови. Бројот на жртвите изнесува најмалку 17, јавува Асошиејтед прес, а уште десетици се водат како исчезнати.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе