Масовна евакуација на Филипините, се стравува од опасна ерупција на вулкан (ВИДЕО)

Властите на Филипините денес започнаа да евакуираат илјадници луѓе поради предупредувањето за можна ерупција на вулканот што испушти облак чад и пареа висока еден километар.

Фото: ЕПА

Степенот на опасност од ерупција на вулканот Таал, кој се наоѓа на околу 70 километри јужно од Манила, е подигнат од вториот на третиот степен, од вкупно пет.

Таал е еден од најмалку активните вулкани во светот. Висок е само 311 метар, но може да биде смртоносен. Ерупцијата во 1911 година однесе повеќе од 1.300 животи.

Во јануари минатата година, Таал исфрли облак пепел и пареа на 15 километри во воздухот, принудувајќи 100.000 луѓе да ги напуштат своите домови и предизвика откажувања на летовите, додека Манила била посеана со пепел.

Властите во четвртокот предупредија дека ерупцијата годинава може да биде поопасна од ланската.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе