Масовен протест во Црна Гора, се бара оставка од претседателот кој владее 30 години (ВИДЕО)

Над 10.000 луѓе протестираа во саботата во главниот град на Црна Гора Подгорица барајќи оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ кој е на власт веќе 30 години.

Ова беше трет протест за еден месец на кој граѓаните бараат оставка од Ѓукановиќ. Организатор на протестот е група наречена „Спротивстави се 97000“ во која се бројни интелектуалци, новинари и други јавни личности, меѓу кои и поранешниот претседател на црногорскиот парламент Џемал Перовиќ.

Освен на Ѓукановиќ, демонстрантите бараат и оставки од премиерот Душко Марковиќ и врховниот државен обвинител Ивица Становиќ, како и главниот специјален обвинител Миливој Катниќ.

Трет викенд по ред демонстрантите маршираат и покрај лошите временски услови – ветер кој дуваше до 100 км/ч и предизвикуваше прекин на струјата во голем број домаќинства.

Бројката од 10.000 демонстранти претставува значителен процент од вкупниот број жители на Црна Гора – 610.000, пишува Јуроњуз.

Главната причина за организирање на протестите е, според организаторите, „гласниот молк на државните институции по повод актуелниот скандал – аферата Коверт“, кој претставува парадигма за состојбата во општеството и само една од многуте кои ја тресат Црна Гора.

Аферата Коверт почна кога минатиот месец бизнисменот Душко Кнежевиќ, кој објави снимка од 2016 година како на советникот на Ѓукановиќ Славољуб Стијеповиќ му врачува 97.000 евра како наводна помош на Демократската партија на социјалистите (ДПС) во изборната кампања. Објавувањето на снимката беше одговорот на Кнежевиќ на постапката на Централната банка на Црна Гора која воведе принудна управа во две негови банки, Атлас банката и Инвест банка Монтенегро.

Следниот протест е најавен за 2 март и се претпоставува дека организаторите ќе ѝ ги врачат на владата своите барања.

Ѓукановиќ е веќе 30 години на власт во Црна Гора и е еден од лидерите со најдолг стаж во Европа. На власт во Црна Гора првпат дојде како премиер во 1991 година. Таа функција ја вршеше до 1998. Потоа беше претседател од 1998 до 2002 година. од 2003 до 2016 беше премиер во неколку различни влади, а во 2018 повторно стана претседател.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе