Маскирани напаѓачи со палки и тупаници тепале демонстранти во Хонг Конг (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО)

Хонг Конг е сè уште во шок по ноќта исполнета со насилство во која десетици маскирани мажи нападнаа железничка станица.

Мажи облечени во бели маици за кои се верува дека се членови на триадата ги нападнале демонстрантите и минувачите во областа Јуен Лонг, извести Би-би-си.

Ова е првпат да се види насилство од овој тип од почетокот на демонстрациите против договорот за екстрадиција на граѓани на Хонг Конг во Кина.

Некои од законодавците се прашуваа зошто на полицијата ѝ требало толку долго време за да дојде до местото на настанот.

„Хонг Конг се вбројува меѓу земјите со најмногу полицајци по глава на жител. Каде беа тие?“ се запраша еден од нив.

Од болницата Ауторити се вели дека 45 лица на возраст меѓу 18 и 64 години биле повредени во нападот, а еден маж е во критична состојба. Четири мажи и една жена претрпеле сериозни повреди.

Нападот на криминалната група следи по протестите за поддршка на демократијата во центарот на Хонг Конг, каде што полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги совлада демонстрантите.

Маскирани мажи упаднале во железничката станица Јуен Лонг во 22:30 по локално време и ги нападнале луѓето кои се враќале од протестот.

На снимките се гледа како десетици луѓе, од кои повеќето се маскирани, облечени во бело трчаат низ метро станицата во Јуен Лонг, ги бркаат патниците и ги тепаат со стапови. Ги напаѓале на станицата и во возот. Меѓу напаѓачите биле демонстранти кои се враќале од антивладините протести, но исто така и бремени жени и жени со мали деца.

„Ги тепаа луѓето по случаен избор, без оглед кој е, па дури и луѓе кои се враќаат од работа... Некои мажи не заштитуваа. Не им враќаа, бидејќи ќе нѐ тепаа уште повеќе. Тепаа дури и жени и деца“, раскажа една жена која се нашла во метро станицата.

Снимката од внатрешноста на возот прикажува патници како врескаат и плачат и се обидуваат да се заштитат со чадори додека ги напаѓаат. Напаѓачите користеле метални и дрвени стапови за да ги тепаат патниците.

На снимката се гледа и како млад човек облечен во црно е нападнат од неколку луѓе кои го удираат во стомак и колена. Една новинарка била претепана бидејќи го снимала напад. На фотографиите се гледаат патници како крварат во метро станицата.

Кога полицијата пристигна на станицата после 11 часот, напаѓачите заминаа, а лутите демонстранти сакаат да знаат зошто им требало толку долго време за да дојдат.

Продемократските активисти и политичари од Хонг Конг ја обвинија полицијата дека не презела ништо кога напаѓачите облечени во бело ги нападнале патниците во метро станицата, јави Гардијан.

„Ова е апсолутно неприфатливо во Хонг Конг како општество кое се базира на владеењето на правото. Владата го осудува секое насилство и сигурно ќе делува“, се вели во изјавата на владата на Хонг Конг.

Полицијата соопшти дека „некои луѓе ги нападнале патниците на станицата и во купеата на возот, што резултирало со повеќе повреди“.

Меѓу повредените е и новинарката Гвинет Хо.

Еден од опозициските водачи изјави дека нападот е поврзан со активностите на криминалните синдикати.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе