Маск вети поевтини Тесла за околу три години, цена околу 25.000 долари (ВИДЕО)

Илон Маск вети дека ќе ја намали цената на својот електричен автомобил Тесла на 25.000 долари и дека возилото ќе биде способно за сомостојно возење, само за најмалку три години.

Screenshot

Маск и другите извршни директори на компанијата претставија нова стратегија за батерии и производство. Инвеститорите, пак, очекувајќи позначајни најави на Денот на батеријата, а разочарани од слушнатото ја намалија пазарната вредност на компанијата за 50 милијарди долари.

Акциите на Тесла ослабнаа на берзата за 5,6 проценти, а по неколку часа за уште 6,9 проценти.

Се шпекулирало за батерија чиј животен век трае повеќе од десет години и му овозможува на автомобилот да помине „милион милји“, што би значело дека електричните возила би биле значително поевтини од оние на бензин.

Маск не понуди ништо од горенаведеното, но вети дека во следните неколку години ќе ја преполови цената на батериите користејќи нова технологија и производствени процеси за електричниот автомобил конечно да биде достапен за широката популација.

„За три години, можеме да направиме автомобил од 25.000 долари што во суштина ќе биде на ниво или малку подобар од автомобил со таа цена на бензински мотор“, рече Маск.

Тој призна дека амбициозниот план на Тесла за развој на нови возила, дизајни и производство на батерија не е целосно реализиран. Компанијата и претходно промашувала производни рокови утврдени од Маск.

Тесла очекува да произведува 20 милиони електрични автомобили годишно. Оваа година, целата автомобилска индустрија ќе испорача 80 милиони автомобили ширум светот.

„Отсекогаш ни бил сон да направиме електричен автомобил со прифатлива цена“, рече тој.

Главната најава на споменатата презентација се новите поголеми цилиндрични ќелии на Тесла. Откриено е дека новите батерии ќе обезбедат пет пати повеќе енергија, шест пати поголема моќност и 16% подолг домет на возење.

Но, најавено е дека на технологијата за нејзината имплементација ќе ѝ требаат години. Пристапот на Тесла вклучува интегрирање на батеријата така што таа претставува дел од структурата на возилото, со што се намалува ефективната тежина на батеријата.

Маск одржа говор пред 240 акционери, а секој од нив седел во Теслиниот Модел 3.

За поевтини Тесла, најважни се иновациите во начинот на кој компанијата дизајнира батерии - радикално подобрување на нивната ефикасност. Професорот Стенли Витингем - кој минатата година ја доби Нобеловата награда за хемија за неговата работа на литиум-јонските батерии - изјави за Би-би-си дека „решавањето на ваквите проблеми претставува голем ризик, но и голема исплатливост подоцна“.

„Многу од нас сугерираат дека е потребно да се преземат истите чекори, но Тесла има инвестиции и волја тоа да се случи. Не сум сигурен дека некој друг е подготвен да го стори тоа“, рече тој.

Маск исто така најави дека, покрај купувањето батерии од Панасоник и ЛГ Кем, и самиот Тесла ќе започне да ги произведува. Во април минатата година, Маск откри дека има проблеми со снабдувањето со Панасоник батерии кои се користени во Моделот 3 на Тесла. Еден експерт рече дека зголемувањето на батериите ќе биде голем „предизвик“.

„Дури и кај вистински искусните производители на автомобили, вообичаено бележиме многу висока стапка на отпад во првите неколку години“, рече Каспер Роулс, раководител за проценка на цените во Бенчмарк Минерал Интелиџенс.

Роулс исто така предупреди дека батеријата се содржи од многу благородни метали: „Трошоците може да ги намалите само до одреден степен“, тврди тој.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе