Маск на Твитер: Американци, утре гласајте за републиканците

Сопственикот на Твитер Илон Маск, најбогатиот човек во светот, денес на гласачите во Соединетите Американски Држави им препорача на утрешните избори на средината на претседателскиот мандат за американскиот Конгрес да гласаат за републиканските кандидати.

EPA-EFE

„До независните гласачи: поделената моќ ги зауздува најлошите ексцеси на двете партии, затоа препорачувам гласање за републикански Конгрес имајќи предвид дека претседателството е на демократите“, напиша Маск на Твитер.

Откако го презема Твитер, групи за граѓански права го критикуваат ставот на Маск за модерирање на содржините, поради неговиот апсолутистички став за слободата на говорот, очекувајќи на платформата да се зголеми количеството дезинформации и говор на омраза.

Демократите на Бајден се соочени со тешка борба чија цел е да ја задржат контролата над Конгресот на утрешното гласање. Непартиските прогнозери на изборите и анкетите укажуваат дека републиканците имаат многу големи шанси за освојување на мнозинството во Претставничкиот дом, а голема борба ќе се води и за контролата во Сенатот.

Маск и претходно кажа дека ќе гласа за републиканците, но истакнува дека ги поддржува умерените политичари од двете страни.

„Тврдокорните демократи или републиканци никогаш не гласаат за другата страна, така што независните гласачи се тие кои одлучуваат кој ќе биде главен“, напиша Маск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе