Маск на прашањето за враќањето на астронаутите на Земјата: Се задушувам, не можам да одговорам (ВИДЕО)

Илон Маск не можеше да опише како се чувствува откако неговиот Спејсекс во соработка со НАСА за првпат испрати астронаути во вселената при синоќешното историско лансирање.

EPA-EFE

Во 15:22 по локално време од Кејп Канаверал на Флорида беше лансирана ракетата Фалкон 9 која вселенскиот брод Кру драгон со двајца астронаути – Боб Бенкен и Даг Харли ги одведе во вселената на 19 часовно патување до Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Ова е првпат комерцијален вселенски брод да однесе луѓе во вселената и првпат по девет години Американци да заминат во вселената од сопствено тло.

Сопственикот на Спејсекс Илон Маск го коментираше историскиот настан.

„Навистина сум преплавен од емоции. Тешко е да се зборува, искрено. Минав 18 години работејќи за ова, тешко е да се поверува дека навистина се случи“, им кажа Маск на новинарите.

„Тешко е да се сфати. Мислам дека во овој момент не сум на чисто со своите емоции“, кажа Маск и додаде:

„Се надевам дека ова е првиот чекот на патот кон цивилизација на Марс, кон мултипланетарен живот, база на Месечината и проширување надвор од границите на Земјата“.

Маск откри како се чувствувал за време на самиот момент на лансирањето кое беше одложено минатата недела поради лошо време.

„Чудно, но се чувствував добро, немав трема. Како сѐ да се усогласи. Се чувствував како и во обичен ден кога одам на работа“, кажа тој.

Кога го прашаа за одговорноста кон човечките животи кои ги испрати во вселената, Маск истакна дека ова е само почеток на мисијата.

„Има многу работа пред нас. Астронаутите треба да стигнат на вселенската станица и да живеат таму 110 дена, а потоа да се спуштат со Кру драгон бродот кон Земјината атмосфера и безбедно да се вратат дома на брегот на Флорида“.

„Враќањето е прилично поопасно од ова, затоа не сакам да прогласуваме победа“, кажа, па потоа застана момент во тишина и додаде:

„Се задушувам. Не сум сигурен дали можам да одговорам на тоа прашање“.

Бизнис инсајдер на 23 мај процени дека овој лет во еден од 276 случаи е фатален и дека во еден од 60 случаи разни проблеми можат да доведат до неуспешен резултат (но не и да го убијат екипажот).

Астронаутите на НАСА Бенкен и Харли го прифатија тој ризик.

„Немаме проблем со тоа“, кажа Бенкен во петокот за весникот.

И покрај неизвесноста на мисијата, астронаутите, НАСА и Маск ја истакнаа гордоста поради ова постигнување.

„Сѐ уште не сме стигнале до вселенската станица. Нормално дека мораме и безбедно да ги вратиме назад. Мораме да повториме неколку вакви мисии и тоа треба да биде редовна појава. За тоа треба уште многу работа, но ова е едноставно неверојатно“, истакна Маск и заклучи:

„Човештвото треба да биде возбудено и гордо“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе