Масакр во Америка: Во куќа убиени пет лица, меѓу нив лекар и неговите внуци

Најмалку пет лица биле убиени во куќа во американската држава Јужна Каролина. Меѓу убиените има и две деца, пренесува Си-ен-ен.

Screenshot

Жртвите на масакрот што се случи во средата вечер во близина на местото Рок Хил се лекар, неговата сопруга и нивните внуци, соопшти локалната полиција.

Се работи за семејство кое е добро познато во округот Јорк, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот Трент Фарис.

„Д-р Роберт Лесли и неговата сопруга Барбара Лесли беа пронајдени во нивниот дом, а починаа како последива на истрели од огнено оружје, исто како и нивните две внучиња. Пронајдено е и телото на Џејмс Луис, кој работел од дома, исто така починат од истрелите на огнено оружје“, објавено е од канцеларијата на шерифот во округот Јорк.

Убиените деца биле на возраст од 5 и 9 години.

Едно лице е пренесено во болница со тешки повреди здобиени од истрели на гнено оружје, потврди полицијата, опишувајќи го инцидентот како „масовно пукање“.

„Го најдовме лицето за кое веруваме дека е одговорно за овој напад. Тоа е сè што засега можам да го кажам за осомничениот“, рече Фарис.

На новинарско прашање дали осомничениот е сосед на убиеното семејство Фарис рече: „Живее на истата улица“.

Од канцеларијата на шерифот потврдија дека осомничениот за нападот бил фатен „во куќа во близина“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе