Масакр на цивили во Украина: Руси ракетирале конвој, најмалку 23 мртви (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Утринава руски сили истрелале ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, соопшти Олександр Стрихук, украински гувернер на областа Запорожје. Станува збор за конвој цивили кои со автомобили тргнале да ги земат своите роднини од територијата под руска окупација. Украинците тврдат дека најмалку 23 цивили загинале, а 28 се ранети.

Фото: Твитер

Сведок на Ројтерс видел 12 тела, од кои четири во автомобили, и рече дека проектилот направил кратер во земјата во близина на два реда возила на саем на автомобили.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви и ранети како лежат на патот.

На една снимка направена од зграда во близина, се слуша женски глас кој низ солзи вели: „Таму лежат мртви луѓе“.

На останатите фотографии се гледа барем еден кратер, а јасно се гледаат и оштетувањата на автомобилите. Возилата биле полни со патници, ќебиња и куфери. Телото на едно лице е навалено од возачкото кон совозачкото седиште во жолт автомобил, а неговата лева рака сè уште го држи воланот.

„Непријателот нападна цивилен конвој во предградието. Луѓето беа во конвој кој требаше да се упати кон окупираната територија за да ги земе роднините и да достави помош. Има мртви и ранети, а брзата помош е на терен“, објави Стрихук на Телеграм, а потоа во следна објава го соопшти бројот на загинати и ранети.

„Во моментов знаеме за 23 мртви и 28 ранети. Сите цивили, наши сограѓани. Горете во пеколот, проклети 'рашисти' (комбинација од зборовите Руси и фашисти што ги користат Украинците)“, објави тој на Телеграм.

Кирил Тимошенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави повеќе детали за масакрот на Телеграм:

„Теророт продолжува, убиствата продолжуваат. Лансираа 16 ракети од типот С-300. Четири паднаа во близина на саем за автоделови, каде што се собираше конвојот“, напиша Тимошенко.

„Луѓето секој ден одат од Запорожје за да им помогнат на своите роднини (на окупираната територија) и им доставуваат лекови, а потоа се враќаат“, објави на Телеграм градоначалникот на Мелитопоље, Иван Федоров.

„Засега е невозможно да се изброи бројот на загинати и ранети“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе