Шефот на германската дипломатија во Белград

Мас: Вистински момент е за постигнување резултат во дијалогот на Србија и Косово

Министерот за надворешни работи на Германија Хеико Мас изјави денес во Белград дека сега е вистинскиот момент за постигнување резултат во дијалогот за нормализација во односите на Србија и Косово.

EPA-EFE

На заедничката конференција за новинари по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, Мас кажа дека е „важно дијалогот да не биде воден за дијалог, туку да бидат постигнати резултати“.

„Во двете земји се формирани влади со стабилно парламентарно мнозинство, сега е вистинскиот момент за продолжување на дијалогот за нормализација на односите и за постигнување резултат. Германија има целосна доверба во ЕУ и (нејзиниот претставник за дијалогот) Мирослав Лајчак“, кажа Мас.

Тој наведе дека Германија е свесна дека дијалогот за нормализација на односите „не е лесен процес“, но дека таа би довела до економска корист.

На прашањето да ја искоментира изјавата на косовската претседателка Вјоса Османи дека дијалогот треба да почне од почеток, Мас кажа дека процесот не треба да биде ресетиран, туку дека сè што било предмет на преговорите во минатото треба да се искористи за постигнување на резултати.

„Секако дека двете земји ќе го земат предвид она што досега е договорено и ќе ги развиваат своите ставови и позиции“, наведе шефот на германската дипломатија.

За европскиот пат на Србија Мас кажа дека „сè уште важи правилото дека секоја држава ја одредува брзината на придружувањето во ЕУ“ и додаде дека е „потребен реформски напор на државно ниво, пред сè во централните области на владеењето на правото и борбата против корупцијата“.

Околу намерата на Германија да увезе 30 милиони дози од руската вакцина Спутник V, Мас кажа дека „не гледа зошто не би ја користеле таа вакцина“, но додаде дека „условот е да биде одобрена во ЕУ“.

Тој кажа дека „треба да се има на ум и целата ситуација“, мислејќи на тензиите меѓу Русија и Западот во претходните денови околу трупањето руска војска покрај границата со Украина, но додаде дека „медиумската тревога околу купувањето 30 милиони вакцини од Русија е претерана“.

Германскиот министер за надворешни работи ја пофали вакцинацијата во Србија, кажувајќи дека „тој процес интензивно се следи во ЕУ“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе